Фиат 500 е кабриолет на годината

Новиот фиат 500 доби нова награда во Британија, и овојпат е прогласен за „кабриолет на годината“ и „најдобар градски електричен автомобил“ од страна на магазинот Уат кар? во доделувањето за „Автомобил на годината 2021“. Жирито како позитивни нешта ги издвои управување, стилот на возење, радиусот со едно полнење, цената и освежениот ентериер. Ова е воедно првпат електричен автомобил да ја добие наградата „кабриолет на годината“.

Новиот фиат 500 е првиот целосно електричен модел на Фиат Крајслер групата (ФЦА).  Потребни се само 5 минути да се наполни за возење до 50 километри, што се смета за повеќе од доволно за просечна дневна употреба. Има електричен мотор од 118 коњски сили кој овозможува автоматски ограничена максимална брзина од 150 км/ч, забрзување од 0-100 км/ч за 9 секунди и од 0 до 50 км/ч за 3,1 секунда.

 

 

Scroll to Top