Филм на Би-би-си за развратот на Англичаните во Хрватска

На Би-би-си ќе почне да се прикажува серија за млади британски туристи во Хрватска, снимана на плажата Зрче на островот Паг. Серијата носи наслов „Хрватска 2017: Британците доаѓаат“, а шоуто го прикажува разузденото забавување на младите кои се собираат во најпопуларното летно одморалиште Зрче, на островот Паг. Во шоуто ќе се прикажува како група млади тргнуваат кон Паг, а режисерите најавуваат многу драма и романси.

Еден од учесниците во шоуто е вплеткан во љубовен триаголник, додека друг првпат патува сам во странство, без родители. Меѓу другите членови од екипата се и познати диџеи.

Scroll to Top