(Видео) Фитнес манија се шири на Твитер во Индија

Министерот за спорт на Индија на својот Твитер профил објавил видео во кое ги повикува сите да му се приклучат во изведувањето на спортски активности.

Индискиот министер Раторе поставил видео во кое прави склекови и побарал од луѓето да му се придружат во фитнес предизвикот.

Капитенот на индискиот крикет тим Вират Кохил поставил видео во кое го предизвикал индискиот министер да го направи истото што го направил и тој.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјавил дека наскоро ќе постави и свое видео, пренесува Би-Би-Си.

Уште неколку министри го прифатиле предизвикот, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи Кирен Рижижу, кој направил серија на склекови, како и министерот на железницата, кој постирал видео на Твитер како вежба јога.

Scroll to Top