(Фото) Ајкула ги исплаши туристите на плажа во Мајорка

By

Полицијата ги затворила плажите поради опасност од сина ајкула во близината на брегот на Кала Доминго, плажа во источниот дел на Мајорка.

Туристите биле принудени да бегаат откако ја забележале ајкулата во плитката плажа преполна со луѓе. Ајкулата ја забележале и пливачите и туристите на педалинки. Таа била оддалечена на само три метри од нив.

Снимките покажуваат дека морското животно пливало низ бистрата вода пред да стигне до брегот. Таа ги принудила туристите да излезат од водата.

Децата викале, а постарите испаничени почнале да трчаат додека гледале како ајкулата им се доближува.

Полицијата подоцна го снимила моментот кога ајкулата била извлечена од водата на песокот. Иако од организацијата за заштита на животните на почеток биле загрижени дека поради ваквиот третман ајкулата нема да преживее, подоцна биле информирани дека истата е вратена во море.

Сината ајкула е еден од најчестите видови на Мајорка.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV web anime tv: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 17

KissAnime re zero kissanime: Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 2