Припадници на амазонско племе линчувале државјанин на Канада, кого го обвиниле дека им го убил племенскиот надрилекар. Ова било потврдено преку соопштение од државното обвинителство на Перу.
Надрилекарот бил застрелан во четвртокот во близина на својот дом во амазонскиот регион Укајали, а поедини мештани од селото за нејзината смрт го обвинуваат Канаѓанинот Пол Вудорф, кој живеел во тој регион и за кого се верува дека се лечел кај убиената жена.
Полицијата го пронашла телото на Вудроф закопано недалеку од селото. На социјалните мрежи се појави и видео во кое може да се забележи како група луѓе му ставаат јамка околу вратат и го влечат.
На обдукцијата е утврдено дека се работи за Вудроф и дека умрел од последица на давење. Засега никој не е уапсен.
Обвинителот го истражува и убиството на надрилекарот и велат дека прерано е да се именува осомничениот во предметот, а немало никакви апсења за убиството на Вудроф.
Во поголемиот дел од перуанските Анди и Амазон нема премногу полиција, а селаните во далечните предели често самите ги казнуваат осомничените за прекршоците кои ги направиле кон локалните обичаи, без вклучување на државната полиција и обвинителството.