(Фото) Археолози ископале винарница стара 1.500 години

Винарија стара 1500 години е ископана во Израел. Групата на археолози кои ја пронашле велат дека таа била најголемата винарија во добата на Византија. Тие ја нашле јужно од Тел Авив и за неа велат дека произведувала два милиони литри вино годишно, пишува „Би-би-си“.

Виното го извезувале ширум Медитеранот. Археолозите кои работеле на теренот, велат дека биле изненадени од големината на винаријата. Во план е да се направи комплекс кој ќе биде отворен за туристите, откако ќе се заврши со работата за нејзино зачувување.

На локацијата се наоѓаат пет преси за овошје, распоредени на еден квадратен километар, а тука се наоѓало и складиштето за одгледување и флаширање на виното.

Крајниот производ бил познат како вино од Газа и Ашкоелон, по пристаништата каде го извзувале во Европа, Северна Африка и Мала Азија.

„Ова било главниот извор на прехрана. Тоа било безбеден пијалок, затоа што водата во тоа време не била до толку загадена како денес“, рече Џон Селиџман, еден од археолозите.

Scroll to Top