(Фото) Австралијанка ослабела 50 килограми за да ја собере во венчаницата

Австралијанката Кајли Мулаки од Сиднеј успеала да ослабне повеќе од 50 килограми за денот на својата свадба, откако претходно не можела да најде број за венчаницата.

Таа имала 120 килограми и се плашела дека нема да може да ја собере во некоја од венчаниците кои имала во план да ги купи. Мулаки решила да го промени режимот на исхрана, до денот на свадбата.

Мулаки вели дека ги исфрлила сите млечни производи од исхраната и редовно се посветила на вежбањето. Нејзините роднини и пријатели кои долго време ја немале видено, велат дека не успеале да ја препознаат на денот на свадбата.

 

Scroll to Top