(Фото) Австралијка сериозно повредена во обид да го заштити бебето од силниот град

Фиона Симпсон од Австралија на Фејсбук објавила фотографија на која се гледа нејзиниот помодрен грб. Жената претрпела повреди од градот што почнал да паѓа врз неа.

Таа се наведнала над своето бебе во обид да го заштити. Сепак, едно парче лед го погодило бебето во глава. Целото семејство на Фиона е хоспитализирано, а најтешки повреди претрпела Фиона.

Нејзината објава и фотографијата што ја сподели на Фејсбук добија голем број  коментари и пофалби за храброста.

 

 

 

Scroll to Top