(фото) Девојче со тело на змија

Фотографијата од осумгодишното девојче Маи Ли Фај на која се гледа дека таа не местото на нозете има тело на змија се рашири низ социјалните мрежи.

Сепак, оние кои внимателно ја забележале фотографијата сметаат дека станува збор за фотошоп, пренесува ibtimes.co.uk.

Голем број азиски портали ја пренесоа приказната за девојчето со змиско тело место нозе. Како што пренесуваат, девојчето страда од ретка болест поради која горниот дел од половината ѝ е со човечко тело, а долниот со змиско.

БОЛЕСТ ЈИНГ ЈИНГ

Како што пишува „World News Daily Report“, доктор Пинг Лао смета дека девојчето страда од редок синдром кој на нејзиниот долен дел му дава препознатлив изглед на рептил. Во историјата се забележани неколку такви случаи, но науката за оваа патологија е многу ограничена и засега не го познава лекот за ваквата состојба.

 

Во извештајот се наведува дека илјадници луѓе го посетиле девојчето затоа што веруваат дека тоа ќе им донесе среќа и благосостојба.

АПСОЛУТНА ГЛУПОСТ

Но, порталот „Hoax slayer“ тврди дека порталот „World News Daily Report“ е специјализиран за објавување апсолутни глупости. На нивниот сајт има разни приказни, почнувајќи од коњи со трнлива глава, преку огромни јастози кои ги напаѓаат доковите до циркуски лав кој, посрамотен, признал дека е вегетаријанец, наведува „Hoax slayer“.

ИСТРАЖУВАЊЕТО НЕ ДАЛО РЕЗУЛТАТИ

Дејвид Емери од порталот „About.com“ навел дека фотографијата кружи на интернет веќе неколку години. Тој објаснил дека потрагата во архивата на библиотеката не дала резултати ниту за serpentosis malianorcis ниту за болеста јинг јинг.

„Не постои тој синдром, ниту постои експерт од Тајланд под името доктор Пинг Лао“, тврди тој.

Повеќе од очигледно е дека под телото на змијата се гледаат нозете на детето во жолто-бели хулахопки.

Видеото од половина минута кое е поставено на „Јутјуб“ на 3 април 2013 година, под името „Половина девојче, половина змија“, собра преку два милиони прегледи.

 

 

Scroll to Top