(Фото) Димот од пожарите во Австралија стигна до Јужна Америка

Димот од шумските пожари во Австралија го мина Тихиот океан и стигна до градовите во Јужна Америка, предупредиле од Светската метеоролошка организација WMO.

Димот од пожарите над Окланда на Нов Зеланд го обои небото во портокалово, но исто така го обои и небото во градовите во Јужна Америка. Од Светската метеоролошка организација, предупредија на исклучително црвеното Сонце во аргентинскиот град Буенос Аирес.

„Пожарите предизвикаа опасно загадување на воздухот и се закана по здравјето на луѓето во градовите во Австралија и на Нов Зеланд, додека димот премина илјадници километри преку Пацификот до Јужна Америка“, изјавила Клер Нулис портпаролката од Светската метеоролошка организација на прес-конференција во Женева.

Таа објаснила дека димот веројатно стигнал до Антарктикот.

 

Полицијата во Нов Јужен Велс обвини најмалку 24 лица за намерно подметнување на пожарите во оваа држава. Како што е наведено во соопштението на полицијата, службите превземале законски мерки против 183 лица, од кои 40 се малолетни, поради кивични дела поврзани за избивање на пожарите.

Правните постапки се движат од опомени до кривични пријави, пренесува „Си-Ен-Ен“. Од 183 лица, 53 добиле предупредување или кривични пријави поради непочитување на целосната забрана за предизвикување пожари, а 47 се обвинети за оставање запалени цигари, е наведено во полициското соопштение.

Најмалку 24 лица загинале ширум земјата, за време на избивањето на пожарите оваа сезона. Иако пожарите избиле во сите австралиски држави, Нов Јужен Велс е најтешко погоден.

Scroll to Top