Луксузниот дом на познатиот милијардер педофил Џефри Епстајн бил продаден на непознат купувач за 51 милион долари. Куќата се наоѓа во општината Менхетен во Њујорк.
Приходите од продажбата ќе бидат наменети за програмата за отштета за неговите жртви кои сега повторно може да поднесат нови побарувања.
Една од најбараните недвижнини во Њујорк, седумкатниот дворец со богатство на уметнички слики и мебел, има 15-тина дабови врати, увезен француски мебел и украсни детали по нарачка.
Поседува и загреани тротоари и огромен галериски простор што ја опфаќа ширината на целата куќа. За потсетување, голем број девојки и жени го обвинија сега веќе починатиот Епстајн за трговија со малолетници за сексуално искористување.
Во обвиненијата беше наведено дека тој ги подведувал и ги продавал на негови пријатели, познати бизнисмени, актери и политичари.
Епстајн се обеси во својата ќелија во затвор во Њујорк, додека го чекаше судењето. Главниот медицински стручњак во Њујорк изјави дека причина за смртта е самоубиство со бесење.