Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина и напаѓач на Рома, Един Џеко, новата 2019 година ја мина во Дубаи.
Фудбалерот со семејството во Новата година беше во посета на Зоолошката градина во Дубаи, каде се дружеше со животните. Покрај семејството, друштво му правеа и поранешните и сегашни соиграчи од репрезентацијата.
Меѓу нив беа Ѕвездан Мисимовиќ, Сенијад Ибричиќ и Миралем Пјаниќ, а друштво им правеше и вицепрвакот на светот и репрезентативец на Хрватска Иван Перишиќ.
Зоолошката во Дубаи е во сопственост на Саиф Ахмед Белхас, а дружбата на семејството со животните, Џеко ја сподели со објавување на фотографии на социјалните мрежи.
Џеко ќе се одмора во наредните неколку дена, а потоа треба да се приклучи на италијанскиот клуб Рома, за првиот натпревар во 2019 година. Рома на 14 јануари на „Олимпико“ ќе игра против Ентела во рамки на Купот на Италија.