(ФОТО) Го откривме дедото на годината кој ја воодушеви цела држава

Откако на Фејсбук групата „Зошто го сакам Загреб“, еден од членовите објави фотка на дедо кој на своите гради ја носи малата внукичка, се покрена вистинска акција за негово пронаоѓање. Потрагата беше поттикната од страна на една компанија која му вети на дедото дека ќе му подари нова носилка за неговото внуче.

Масвното споделување на фотката на грижливиот дедо, вроди со плод, а симпатичниот дедо е пронајден.

„Го најдовме дедото на годината!!! Господонот се вика Славко и кога бил сликнат, ја носел својата внука. Дојавата ја добивме од бабата Линда. Дедо Славко и внуката престојуваат во Канада, така што веруваме дека зимската заштита која им ја подаривме добро ќе им дојде. На сите кои ќе се вклучат во потрагата им благодариме на помошта, и на прекрасните коментари“, напишаа од компанијата на својата Фејсбук страница.

 

 

Scroll to Top