(Фото) Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го продаде својот стан во Мајами. Тој успеал да заработи од продажбата откако го продал за 6 милиони долари, пишуваат американските медиуми. Претходно Ѓоковиќ станот го купи во 2019 година за сума од 5,8 милиони долари.

Станот се наоѓа покрај крајбрежјето на Мајаби бич, во зграда која ја дизајнирал познатиот италијански архитект Ренко Пијано. Станот има три соби, три купатила и има 207 квадрати. Има и тераса од 160 квадрати, со поглед на океанот. Засега купецот е непознат.

Scroll to Top