(Фото) Кина лансира ракета со тројца астронаути до вселенската станица

Кина денес лансира ракета со тројца астронаути до кинеската вселенска станица „Тијангонг“. Астронаутите Ние Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо ќе поминат три месеци таму и ќе работат на завршување на станицата, која е планирано да биде готова до 2022 година.

Тие денеска полетаа со леталото „Шенжу-12“ од Центарот за лансирање сателити „Џиукан“ во пустината Гоби во југозападната кинеска област Гансу, објави дневниот весник „Глобал тајмс“.

„Шенжу-12“ значи „Господски брод“,и ќе биде дел од третата од вкупно 11-те мисии потребни за завршување на кинската вселенска станица. Кина почна со изградба на станицата на крајот на април кога го лансира моделот „Тијенхе“.

Станицата се наоѓа на 380 километри од Земјата, а примарна цел на тимот ќе биде да го стават во употреба модулот кој тежи 22,5 тони. Станицата, кога ќе биде завршена, ќе тежи 70 тони, а во неа ќе има научни лаборатории и телескоп од класата на американскиот „Хабл“.

Со него Кинезите ќе ја набљудуваат вселената. Последен пат Кинезите испратија луѓе во вселената во 2016 година кога двајца астронаути биле испратени на вселенската лабораторија „Тијангонг 2“, каде што останаа околу еден дена.

Scroll to Top