(Фото) Клупата со Горан Стефановски наскоро од Лондон ќе пристигне во Скопје

Клупата со легендарниот драматург Горан Стефановски,наскоро од Лондон ќе пристигне во Скопје. Споменикот на Стефановски деновиве се очекува деновиве да биде поставен во Дебар Маало.

Иако беше планирано тој да биде откриен минатата година на денот на неговото раѓање, 27 април, неговиот син Игор рече дека не стигнала од Лондон заради пандемијата со Ковид-19. Игор кажа дека клупата била готова уште во октомври 2019 година.

„Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него,“ напиша тој во октомври на „Фејсбук“.

Клупата ќе биде поставена на омиленото место на починатиот писател, во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. Таму во 2019 година, во чест на Стефановски, беше засаден чинар.

Стефановски е роден на 27 април 1952 година. Дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Почина во Кентербери, Англија на 27 ноември 2018 година, по кусо боледување.

Автор е на легендарните драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“.

Scroll to Top