(Фото) Личните работи на Ал Капоне продадени на аукција за 3 милиони долари

By

Личните предмети на еден од најголемите гангстери во историјата на САД, Ал Капоне, се продедени на аукција за цена од 3 милиони долари. Аукцијата се одржала овој викенд во Калифорнија. Меѓу 174 предмети на Ал Капоне биле и неговиот пиштол, лични фотографии, накит и мебел. Аукцијата се одржала во приватен клуб и на неа учествувале околу 1.000 купувачи, пишува Би-би-си.

Најпопуларниот предмет на Капоне, неговиот омилен пиштол, бил продаден за цена од 860.000 долари. Се верува дека пиштолот достигнал најголема продажна цена за кое било огнено оружје од 20 век, пишува „Чикаго трибјун“.

Ал Капоне бил мафијаш од Чикаго, познат како државен непријател број еден. Тој бил шеф на криминалните банди во дваесеттите години на минатиот век. На крајот бил затворен поради затајување данок и поминал неколку години во затворот „Алкатраз“ во Сан Франциско.

Неговите работи биле во сопственост на неговото семејство.

 

 

Дајен Капоне, една од неговите три живи внуки, која живее во Калифорнија, рече дека одлуката да се продадат неговите работи била поради тоа што таа и сестра ѝ се веќе стари, пренесува „Ројтерс“.

Таа исто така рече дека се одлучиле да ги дадат на аукција затоа што во северна Калифорнија зачестиле пожарите, па се плашеле да не бидат уништени во нив.

 

Ќе ви се допадне

Website https://animeheaven.pro: Watch Asobi Asobase -workshop of fun- OVA animeheaven Episode Full animes online

Comic Party Specials Episode 4

Website https://animedao.nl: Watch Devil May Cry (Dub) animedao Episode 12 animedao dororo

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

AniWatch: Hot-blooded Alien anime episode Full online free at https://aniwatch.pro watch animes