(Фото) Мајка и ќерка цел месец рачно го шиеле најубавиот матурски фустан

Сиара Џен е 17-годишната тинејџерка која стана интернет сензација благодарение на рачно изработениот матурски фустан.

Девојката вложила повеќе од 1 месец, за заедно со нејзината мајка рачно да го изработи фустанот за матура.

Одбивала да носи обична креација, па со нејзината мајка создале вистинско ремек-дело со рачно нацртани цветови.

„Инспирацијата ми дојде од мојата мајка, која ме тераше да го правиме фустанот. Бидејќи сакам да испробувам нови работи, си реков зошто да не?“ вели девојката.

Со нејзината мајка купиле 13 метри материјал, тул и многу Swarovski кристали.

Мајката на Сијара го шиела секој слој од фустанот, еден по еден.

Само за цртањето на цветовите биле потребни 5 дена.

Scroll to Top