Меѓународниот фонд за грижа за животните го утврди овој празник во 2002 година, со цел да ја подигне свеста на луѓето за потребите на мачката.
Денеска не е единствениот ден во годината посветен на мачките. Покрај Светскиот ден на мачките кои се одбележува на 8 август, постои и Национален ден на мачките кои се прославува на 29 октомври и Светски ден на мачките кои се одбележува на 17 февруари.
По повод Светскиот ден на мачките, со оглед дека овие домашни миленици се миленици и на Интернетот, од денес истиот е преплавен со фотки од нив.