Тежок беше за српската војска и српскиот народ, тој финиш во 1915 година и почетокот на 1916, кога по толку години одолевање на сите налети на Астроунгарците, и успешната одбрана на територијалните интегритет, на крајот сепак ги скшрија, поради што Германците одлучија да ги земат работите во своите раце.
Српската војска се повлекла преку Албанија и стигнала до Скадра, каде по одолговлекувањето, со морнарицата на Франција и Обединетото Кралство се префрлиле на островот Крф, поради опоравувањето.
Потоа, Српската војска, она што од неа останало, била префрлена на Солунскиот фронт, Тој е формиран во 1916 година, по пропаста на Србија, имено, сојузничките трупи пред тоа се повлекле да се концентрираат на тој простор за да се префрлат на српска територија и да им помогнат на Србите во престоечкиот налет на Германците и Австроунгарците, но паднале пред да воопшто успеале да им се приклучат (тоа беше и дел од вината на нивните сојузници, затоа што предоцна почнале со таа операција).
Воглавно на Солунскиот фронт, главната занимација на српската војска била „запрашувањето“ на бугарските, германските и австриските задници, особено во последната фаза на војната, кога ја пробиле таа бариера и го запоседнале тој регион побрзо и од француската коњаница.
Но, пред да нивните сојузници да се префрлат на Крф во Солун, морале да одработат една групна фотографија. Не била за на Инстаграм (не постоел, а немало ни селфиња), но сеедно завршиал во архивата, за да на крај исплива за да може да се потсетиме на тој период.