(Фото) Направил сметка од 12.000 евра на Хвар

На социјалните мрежи кружат сметки со огромни цени направени на островите на Јадранот. Целосната сума на една таква сметка изнесува 88.000 куни, односно околу 12.000 евра.

Сметката е направена во Хвар, место за кое се смета за елитна туристичка хрватска дестинација.

„Подобро би купил автомобил со тие пари. Според сметката, единствено пивото има пристојна цена“, вели еден во коментарите за сметката.

„Бакшишот не е пресметан“, пишува на фотографијата на сметката.

Друг коментирал дека на Хвар секоја вечер во клубовите се вртат милиони, но никогаш никој не може да ги види.

„Со години без нови инвестиции, јавниот простор е слаб, локалната власт коруптивна“, напишал тој.

Некои тврдат дека станува збор за сосема пристојни цени.

„Бидете среќен што сте на Хвар, а не на Миконос. Би можеле да добиете на сметката уште една нула“, напишал трет твитераш.

Еден од нив залепил фотографија од цените во Миконос, грчкиот остров познат како гламурозна дестинација за најбогатите и најпознатите. Во споредба со таму цените на Хвар се питоми. Особено по фактот што најсончаниот хрватски остров е прогласен за најубав на Медитеранот.

Scroll to Top