(ФОТО) Неверојатна сообраќајна несреќа, по која многумина повраќаа

Фотографии кои се појавија на интернет опишуваат неверојатна сообраќајна несреќа која се случила во Соединетите Американски Држави.

Инцидентот се случил во Орегон, откако приколка од камион кој превезувал 3.400 килограми јагули попуштила. Јагулите завршиле на автопатот и на автомобилите кои биле зад камионот.

Како што наведува полицијата, нема повредени, а многу луѓе повраќале. Патот е затворен во целост, се додека јагулите, полни со слуз, не бидат исчистени од патот.

Scroll to Top