(Фото) Никнаа првите билки на Месечината

На Месечината никнаа првите билки соопштија од Кинеската национална вселенска агенција. Ова е за прв пат некоја биолошка супстанца израсне на Земјиниот сателит.

Семето на билката на Месечината го однела кинеската мисија „Чанга-4“, која во моментов ја извршува првата мисија на темната страна на Месечината.

Билки и претходно растеле на Месечината, но во Меѓународната вселенска агенција. Но, никогаш не биле одгледувани на површината на Месечината.

Тоа би значело дека астронаутите би можеле да користат храна од сопствено одгледување во вселената. Повеќе нема да има потреба астронаутите да се враќаат на Земјата за повторно се снабдуваат со намирници.

Кинеските државни медиуми во вторникот објавиле дека од семките од памук никнале првите сорти. Официјално и весникот „Комунистичка партија Кина“, на својот твитер објави фотографии од првата билка на Месечината.

Фред Вотсон, астрономот од австралиската опсерваторија, за „Би-Би-Си“ изјавил дека ова се одлични вести.

„Овој успех укажува на тоа дека веројатно во иднина нема да има некои непремостливи проблеми за астронаутите, да одлгедуваат во контролирани услови сопствени посеви на Месечината“, вели Фред.

Scroll to Top