(ФОТО) Од овој излог на скопски бутик ќе ви се згади!

Брендот најчесто е синоним за квалитет и добра услуга, но на македонско тло тоа и не е баш некоја пракса.

Ако во светот бутиците со познато име знаат да им овозможат посебен третман и услуга на купувачите, тука може само нешто да ги фрапира, за подоцна да имаат анегдоти за раскажување.

Па така, во еден скопски бутик на светски позната етикета, на излогот застана ни повеќе, ни помалку, туку стаорец. Случајните минувачи кои решиле да погледнат што има ново од понудата во излогот  – имале што да видат.

„Манекен“ со сиво природно крзно, позира за сите убаво да го видат. Тој секако нема потреба да се крие, но по ова веројатно ќе му биде последно вака да се промовира. Епа, не е лесна славата ама реклама си е реклама!

Scroll to Top