(Фото) Од Влае до Центар секој локал е полн ко да нема корона

Докторот Ненад Лазаров, е еден од од докторите кои за време на целава криза со пандемијата информираше за состојбата со коронавирусот. Тој на социјалните мрежи споделува информации за вирусот, и се поврзано со него.

Во последната објава, Лазаров укажа на сликата која ја видел по скопските локали.

“Извозев до Центар од Влае, секој локал што го поминав беше преполн со млади, еден врз друг, без маски, масите една до друга натискани, хорор.

Околу Универзална особено, нели ви е жал за баби и дедовци, родители???

Со вакво ноншалантно однесување што граничи со психопатологија, за кратко ќе рушме рекорди, а наредна недела пак ќе имаме 4 цифрени броеви со сигурност“, напиша д-р Лазаров, кој во текот на целиот период апелира да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и да се носи заштитна маска.

Scroll to Top