Овогодинешните „солзи на свети Ловре“, беа најспектакуларни некогаш, тврдат астрономите. Ѕвездите ќе паѓаат во ноќите до крајот на неделата, а освен со телескоп, можеа да се забележат и со голо око. Затоа, излезете повторно на балконите и набљудувајте го небото. Вечерва и во наредните две ноќи, ќе можете да видите повеќе од стотина ѕвезди кои паѓаат.
Според прогнозите на астрономите, метеорскиот дожд Перзеида, оваа година, својот врв ќе го стигне на 12 август, кога ќе го осветли целото тело, а некои од нив се видливи и преку ден, стои на страницата physics-astronomy.com.