Замислете дека сите ваши вообичаени утрински активности, од миење заби преку подготвување доручек, ги извршувате додека дишете преку боца за кислород, во апартман кој е целиот исполнет со вода.
Проектот „Дизајн подводен живот“, е дело на двајца студенти од Дизелдроф, а голем број на собрани граѓани застанаа да се сликаат со несекојдневната слика.
Овој „човечки аквариум“, е направен во контејнер кој е исполнет со вода, а чија една страна е направена со стакло за да може да се види што се случува внатре.
Декориран е во налик на вообичаен простор во кој студентите го поминуваат своето време, а содржи кујнски дел, кауч, сушалица за долен веш, полица, маса, лампа, па дури и билка.
Еден од двајцата автори, Томас Кајнер извел перформанс за собираните граѓани, а во еден момент ја тргна и дишалката за да може да ги измие забите.