(Фото) Пронашла змија отровница во кутијата за ужина на синот

Мајка од Австралија пронашла отровна змија во кутија за ужина на своето дете. Таа го подготвувала детето за училиште кога забележала дека под капакот на кутијата за ужина има змија.

Рајли Барел, фаќач на змии од Аделаид, вели дека змијата сака затворени простори каде што се чувствува безбедно. А оваа останала во кутијата поради тоа што, веројатно, штотуку пристигнала на овој свет.

„Жената не ја ни видела змијата веднаш, туку кога веќе спакувала половина од ужината. Го затворила капакот и нѐ повика нас“, вели Барел.

Според неговите зборови, нормално е што во оваа доба од годината излегуваат змиите, но тој наведува дека добива неверојатно голем број повици оваа година.

„Добиваме 50-60 повици дневно“, вели тој.

Scroll to Top