(Фото) Прв јавен бакнеж на геј политичар во Хрватска: Неговиот 13 години помлад партнер е познат по учеството во „Големиот брат“

Домагој Хајдуковиќ, првиот хрватски политичар кој јавно кажа дека е геј, не ја крие љубовта со Матија Стајнер. Тие пред неколку месеци и официјално открија дека се во врска, а сега Матија, кој е 13 години помлад од Домагој, објави слика на која се бакнуваат.

Хајдуковиќ, кој е првиот отворено геј политичар во земјата, доби голема поддршка од Хрватите кои сметаат дека не е важна сексуалната ориентација на луѓето.

„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и за пораките, кои ги има многу, од познаници до непознати луѓе. На тие што праќаат навреди, злобни и лути коментари, знам дека би дале сè да сте на мое место, затоа ви посакувам среќа“, напиша Матија, која се прослави со учеството во реалното шоу „Големиот брат“.

Домагој, кој е претседател на новиот пратенички клуб на социјалдемократите, е познат и по бурната врска со поранешниот партнер, во која имало и физичко насилство. Така во јавноста и стигна информацијата за неговата сексуална ориентација. Тој денес вели дека е среќно заљубен и дека нема намера да ја крие врската.

 

Scroll to Top