(Фото) Путин откри зошто се слика без маица

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги објаснил своите појавувања во јавност со разголено торзо нагласувајќи дека за време на одмор смета дека не е потребно да се крие зад грмушки.

Во интервјуто за австралиската телевизија ОРФ, новинарот го запрашал Путин како може да се појавуваат полуголи фотографии од него, кои не ги објавуваат ниту туристите ниту папараците, туку тие се објавуваат од страна на Кремљ, и тоа на официјалната интернет-страница.

„Рековте полуголи. Фала богу, не се голи. Ако сум на одмор, сметам дека не е потребно да се кријам зад грмушки и навистина не гледам ништо лошо во тоа“, изјавил претседателот на Русија.

Scroll to Top