Рускиот претседател Владимир Путин, првпат играше хокеј од кога почна пандемијата со коронавирусот. Тој во натпреваротот во аматерската лига, кој се одигра во Сочи, постигна десет погодоци за својот тим и му донесе победа од 13:9.
Путин се вакцинираше против коронавирус пред еден месец, а објасни дека вчера повторно го проверил нивото на антитела по вакцинацијата. Резултатите се покажале како одлични, изјавил тој, а пренесува „Ројтерс“.
Путин го искористил моментот и апелирал сите да се вакцинираат против коронавирусот. Тој изјавил дека дури 21.5 милиони Руси, односно околу 15% од популацијата во Русија се вакцинирале против ковид-19.
„Мораме да продолжиме со тестирањата и вакцинацијата“, изјавил Путин.