(Фото) Радиоактивна батерија која може да ги полни уредите 28.000 години

By

Научниците успеаа да произведат радиокативна батерија која може да ги полни уредите цели 28.000 години. Станува збор за ексериментална нанодијамантска батерија направена од вештачки дијаманти и нуклеарен отпад.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот конструктор од калифорнискиот стартап NDB, тврди дека таква батерија може да се користи 28.000 години без никакви дополнувања, а притоа да нема никакви штетни ефекти. Единствен услов кој мора да биде исполнет е батеријата да има постојан доток на воздух.

Иако сè уште е во експериментална фаза, интерес за оваа батерија веќе покажале компании од нуклеарната авио и одбрамбената индустрија.

 

Ќе ви се допадне