(Фото) Роберта стана ветеринар, а Чико свештеник: Девојчето од култната „Ламбада“ и денес е убава како пред 32 години

Групата „Каома“ ја објави песната „Ламбада“  во 1989 година, која веднаш стана планетарен хит, а двете деца што се појавуваат во видеото се врежани во сеќавањата на сите од таа генерација.

Не е тајна дека сите сакаа да танцуваат на „Ламбада“, егзотичниот ритам, за кој се учеа чекорите, а песната се пеешe како да се знаат зборовите. Меѓу танчерите беа и  убавата русокоса девојка Роберта де Брито и момчето Чико Оливеира.

Поминаа 32 години од премиерата на тоа видео и тие деца сега се возрасни. Иако двајцата работеа заедно потоа и снимија неколку песни, соработката беше прекината кон крајот на 90-тите.

Во меѓувреме, Чико стана свештеник, додека Роберта (42) е ветеринар која ја и денeс е во Бразил.

Scroll to Top