Поранешниот најдобар светски фудбалер Роналдињо вчера беше во посета на Белград каде што треба да го сними промотивниот спот за спортската обложувалница „Моцарт“.
Бразилецот од Париз стигна на аеродромот „Никола Тесла“, а од таму директно во хотелот каде што беше снимен од страна на папараците како ужива со чашка алкохол.
Виртуозот со копачки најславните денови од кариерата ги мина во Барселона во периодот од 2003 година до 2008 година.
Меѓу бројните индивидуални награди, највредните ги доби во 2004 година и 2005 година, кога беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.
Од трофеите најмногу се истакнува со мундијалскиот пехар, кој го освои со репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 2002 година, како и Лигата на шампиони во 2005 година.
Фото/Курир.рс