(Фото) Русин фрлил две девојчиња низ прозорец од зграда

Русин по име Санчат (23) фрлил две девојчиња на возраст од 9 и 14 години низ прозорец од зграда од осмиот кат. Сестрите паднале на земја од височина од 24 метри. Полицијата го привела и го обвинила за убиство.

Едно од девојчињата починало на лице место, а другото во болница во Република Туви во јужен Сибир, пренесува „Мирор“. Санчат бил роднина на нивната мајка. Тој наводно тврдел дека девојчињата биле прегласни додека тој се криел од полицијата поради кражба на автомобил.

Нивната мајка работела ноќна смена во кафе-бар кога било направено убиството. Една од сосетките Ирена, веднаш ја повикала кога го слушнала нивниот вресок.

„Ме разбудија страшни викотници и удар од вратата на балконот. Додека сватив што се случува, слушнав силен врсок и повторно вриштење на девојче. Целата ситуација се случи во период од неколку минути“, рече Ирена, која веднаш повилкала полиција.

За среќа третата ќерка која било близначка со деветгодишното убиено девојче, спиела и останала неповредена.

Санчат добил два месеци притвор поради сомнение дека сторил двојно убиство. Од полицијата рекоа дека тој признал дека ги фрлил девојчињата. Откако бил приведен тој побегнал и не дошол на судење, па по него сега е распишана потерница.

Полицијата ја истражува и пријавата од претходно кога морале неколку пати да доаѓаат во истиот тој стан за да ја провери ситуацијата.

 

Scroll to Top