(ФОТО) Руски физичар „се начукал“ во „CERN“ па предизвикал земјотрес!

Рускиот физичар Александар Зјуганов, е обвинет дека бил под дејство на алкохол и силни лекови, и ги „прекршил“ сите безбедносни правила на CERN, затоа што се обидел да изведе многу ризични и опасни маневи, со прст ги игнорирал предупредувањата кои му ги дале неговите соработници.

Се верува дека неговите постапки предизвикале земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихитер.

„Немаше сериозни оштетувања“, изјавија експертите.

Рускиот физичар е познат по својот храбар карактер, и бил отворен критичар на CERN, откако се приклучил на тимот на меѓународни научници пред речиси пет години.

„Тој е екстремен човек“, објаснува неговиот соработник романскиот физичар Јури Маланиј.

„Можеби е еден од 100 најбрилијантни умово во светот, но неговиот лик е како оној еруптивниот вулкан. Сака да сите одат што побрзо, тој верува дека сме децении наназад во науката. Сака да човештвото веќе биде населено на Марс и Месечината, и сака да остави свој печат и да ги потурне границите на науката во 21 век“, додава тој.

 

 

Scroll to Top