(ФОТО) Се слушаат сирени, луѓето преплашени – Што се случува во Барселона?

By

Четворица загинаа и 20 се повредени откако минибус влета во група луѓе во центарот на Барселона.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во Барселона го оквалификува инцидентот како терористички напад.

Инцидентот се случил во Лас Рамблас, популарно место во реонот на Плаза Каталонија.

Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и дека две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со минибусот.

Според шпански медиуми, возачот на минибусот побегнал оставајќи го возилото. Полицијата го блокираше реонот, а на местото на инцидентот има осум амбулантни возила.

Луѓето од тој реон бегаат во паника, јави телевизијата ТВЕ.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.

Ќе ви се допадне