(Фото) „Шарли ебдо“ го искористи пожарот на Нотр Дам за да го нападне Макрон

Францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, познат по своите карикатури за актуелните настани, ја ставил на насловната страница на својот број, фотографијата од запалената катедрала Нотр Дам и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Запален Нотр Дам – само во вторник од пладне ‘Шарли ебдо’ излегува во електронски облик и на 50 киосци низ Париз“, е наведено на „Твитер“.

На насловната страница со црвена боја напишани се „реформи“ и насликана е карикатурата на францускиот претседател Емануел Макрон, на чија глава гори Нотр Дам.

„Ќе почнам со носечката конструкција“, вели Макрон на насловната страна на „Шарли ебдо“.

Најголемиот пожар во катедралата Нотр Дам почна синоќа. Пламенот ја зафати носечката конструкција. Во гасењето на пожарот учествувале околу 400 противпожарникари. Пожарот е изгаснат дури утрово. Според податоците на француските медиуми, несреќата е поврзана со работните активности направени за време на реставрацијата. Дел од катедралата е затворен, велат тамошните служби.

Scroll to Top