(Фото) Шпанска водителка гола вежба јога на снегот

Откако Шпанија ја зафати најголемата снежна бура во последниве 40 години, популарната водителка, Кристина Педроче, вежбаше јога гола на снегот. Таа сликата ја објави на „Инстаграм“ и се пошегува дека ѝ пркоси на снежната бура Филомена на свој начин.

„Сите ние сфаќаме колку е скапоцен снегот, но исто така е многу важно да погледнеме и внатре во себе“, напиша таа и собра преку 340 илјади лајкови на сликата.

32-годишната Кристина е родена во Мадрид, градот кој е најпогоден од снежната бура. Овен што работи како водителка, таа е и модел и актерка.

Scroll to Top