(Фото) Синот на кошаркарската легенда Меџик Џонсон шета облечен како жена

Синот на прославениот американски кошаркар Меџик Џонсон, кој ова лето уживаше на одмор во Хрватска, 28-годишниот Еј Џонсон, бил снимен во едно од своите контроверзни изданија додека шета на улиците на Њујорк.Тој овие денови прошетал во кусо здолниште и бела топ-маица со голо торзо, очила за сонце и дизајнерска чанта.

Ова не е првпат младото момче да привлече внимание со својот стил и често носи фустани и здолништа.

„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен со себе. Секогаш зборував дека доколку некој се чувствува добро во своето тело, треба нешто да преземе во врска со тоа. Чувствувам дека ова е телото во кое треба да бидам.

 

Scroll to Top