(Фото) Споменикот од Грета Тунберг ги скара студентите и ректорот од Универзитет во Англија

By

Споменик од шведската тинејџерка и поборник за климатски промени Грета Тунберг, беше откриен на Универзитетот Винчестер на југот од Англија. Од таму велат дека се гордеат со Грета и дека на овој начин сакаат да и оддадат почит.

Ваквиот споменик поттикна голема полемика меѓу студентите и нивниот синдикат, како и од синдикатот на вработените во Универзитетот, кои сметаат дека парите би можеле да се употребат во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Бронзениот кип наречен Make a difference, е излиен во реална големина како и Грета, а го направил уметникот Кристин Чарсворт.

„Универзитетот признава дека Грета Тунберг, според мислењето на многумина е малку контроверзна личност, но и прифаќа разумна расправа и критични разговори“, изјавила заменик ректорот на Универзитетот Џој Картер.

Синдикатот на студентите смета дека 24.000 фунти, односно 28.000 евра, би можеле да се потрошат за помош на студентите.

„Ние сме во година на ковид и многу студенти немаат пристап до кампусот, многу се обидуваат да ги следат студиите преку онлајн и навистина им е потребна поддршка“, изјавила за „Би-би-си“, меган Бол, претседателот на синдикатот на студентите.

Синдикатот на вработените во Универзитетот, го осуди ваквиот проект и смета дека парите можеле да се потрошат за зачувување на работните места и да се избегнат кратења на трошоците.

Картер, објаснила дека парите од една ставка не можеле да се потрошат за друга и дека скулптурата ја финансирале и од фондови.

Инаугурацијата на споменикот се поклопила со отворањето на новата зграда на Универзитетот, една од најзелените во градот, во која се користи вода од дождовите и соларни панели.

Споменикот е симбол на нашиот ангажман во борбата за зачувување на животната средина и борбата против климатските промени во пресрет на COP 26, конференцијата за клима, која трба да се одржи во ноември во Глазгов, навеле од Универзитетот.

 

Ќе ви се допадне

Watch Umi kara no Shisha Episode Full

AnimeKisa: Sound! Euphonium anime episode 13 online free at https://animekisa.in dubbed anime

Kitte no Gensou (https://kissanime.mx/m/mXKR) Episode Full

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

Nccal gov: https://www.nccal.gov.kw/boards/topic/1470/wwwvulnwebcom/page/77#8155

Flickr: https://www.flickr.com/people/gogoanimebe/