Трите сестри Оливера, Јасна и Јелена од Црна Гора се породиле во ист ден. Нивната мајка Мара Мугоша стана баба на четири внучиња. Сестрите се породиле во болницата „Данило Први“ во Цетиње, а среќната вест брзо се рашири по социјалните мрежи.
„Сè мина во најдобар ред. Семејството и бебињата се одични“, изјавил докторот Предраг Јовковиќ, кој го предводел гинеколошкиот тим. Тој вели дека сите во болницата биле изненадени и дека ретко се случува три сестри да се породат во ист ден.
Прва во породилната сала влегла Оливера Мугоша Миџор, која во петокот околу 9 часот наутро го родила Стефан. Еден час по неа нејзината сестра близначка јасна, ги родила близнаците Урош и Ања. Третата сестра Јелена се породила во 11 часот и на свет ја донела Дарија.
Бабата Мара Мугоша вели дека е најсреќна затоа што ја имала среќата во ист ден од своите три ќерки да добие четири внучиња.