Градот во кој работите се поголеми, поскапи и погламурозни во однос на другите градови набргу ќе стане дом на најголемиот хотел во светот.
Хотелот „Гевора“, кој по завршувањето на градбата ќе биде висок 365 метри, ќе биде отворен до крајот на март во Дубаи.
Пребогатиот град оваа година ќе го доби највисокиот хотел на светот, иако во моментот најголемиот светски хотел се наоѓа во истиот град.
Со тронот највисок светски хотел ќе ја симне од врвот на оваа листа десет метри пониската градба JW Marriott Marquis, која исто така се наоѓа во Дубаи.
Новиот хотел ќе располага со 528 соби, распоредени на 75 ката, а во понудата ќе има од двокреветни, па до делукс-апартмани. Се разбира, ќе бидат достапни и неколку кујни, а зоната на опуштање ќе понуди џакузи, спа-центри и други водни радости на исклучително луксузно ниво.
Хотелот во визирот на градот ќе се вклопи одлично со оглед на тоа дека од година на година, подобро речено од месец на месец, сѐ растат повеќе вакви градби во воздух, па така на туристите им нудат тури со хеликоптер или балон, но небото набргу би можело да стане претесно со оглед на тоа што неодамна во овој град се тестирани и летечки такси.
На следниот линк видете како напредува градбата од ден на ден.