Уништено виолетово Ламбурџини оставено во канал покрај пат во Лондон го привлече вниманието на случајни минувачи. По направената истрага полицијата утврдила дека возилото му припаѓа на Мајкл Хатсон и дека истото вреди околу 270.000 фунти, пишува klix.ba.
Мајкл подоцна објаснил дека додека се возел, во обид да избегне една од пречките на патот, излетал и завршил во каналот. Мајкл фотографиите од уништеното Ламбурџини ги објавил на социјалните мрежи и објаснил дека за среќа никој не е повреден во незгодата. Вели дека како и секое друго возило, така и ова може да биде поправено.
„Секој автомобил може да се поправи. Па така и овој. Јас сум добро и сигурен сум дека автомобилот брзо ќе биде во возна состојба“, напишал Хјустон.