Сеуште постојат добри и хумани луѓе иако се вистинска реткост, Ферхат Хоџај од Пријепоље е еден од нив. Тој е сопственик на четири пекари, па дошол до една генијална и хумана идеја како да им помогне на оние кои немаат пари за леб или пециво.
Тој од вработените слушнал дека често доаѓаат луѓе кои немаат пари за леб, па затоа решил на сите да им го подари бесплатно.
– Често доаѓаат луѓе, оставаат 10 динари наместо 40. ЗНам дека им е тешко да немаат пари за леб, затоа сакам да помогнам. Идејата одамна ми беше во глава. Сега сакав да ја спроведам на дело, вели тој за Еспресо.рс.
Тоа според него не е акција, туку добра волја, која ќе трае кога и да е потребно.