(Фото) Во стар кревет нашол 43.000 долари, па му ги вратил на сопственикот

Американецот Хауард Кирби од Мичиген за 60 евра купил стар кревет, а подоцна во него открил скриено богатство. Тој креветот го купил од непрофитната организација Habitat for Humanity ReStore, за само 63 евра.

Кирби не можел комфортно да ужива во него, затоа што една од перниците постојано му правела проблеми. По неколку недели со неговата сопруга решил да го отвори креветот.

Воо него нашле 43.000 долари. Тој вели дека  не се колебал во ниту еден момент и решил парите да му ги врати на вистинскиот сопственик.

„Што би направил Исус? Исус би му ги вратил парите на сопственикот“, изјавил Кирби за „ABC“.

Тој веднаш контактирал со луѓето од продавницата од каде го купил креветот.

Сопствениците веднаш стигнале да ги земат парите и изјавиле дека тие биле на нивниот дедо кој ги сокрил пред да почине. Му се заблагодариле на Кирби што решил да им ги врати.

Знам како е кога нешто ќе изгубиш и не знаеш како да го вратиш назад истото“, изјавил Кирби кој за ова дело добил многу пофални коментари на социјалните мрежи.
Scroll to Top