(Фото) Во знак на протест норвешки политичар се соблече гол

Свен Ингвалд Опдал (71) политичар од Норвешката партија на зелените, неодамна објави фотографија на која е целосно гол.

Откако ја објавил Опдал веднаш побрзал да ја избрише. Сепак за краток временски интервал, фотографијата била видена од голем број на луѓе.

Според пишувањата на британски „Телеграф“, норвешкиот политичар се соблекол за време на одмор во селото Олден, во моментите кога покрај куќата минутал брод за крстарење, преполн со туристи.

На овој начин политичарот протестирал против крстарењето во Норвешка, затоа што сметал дека на тој начин на одреден број на луѓе им бил пореметен мирот и разбранувана била водата.

„Во рок од два дена минале три крузери, а ако се пресмета, тоа се 11.000 луѓе. Не сум премногу среќен поради тоа“, изјавил тој за тамошните медиуми.

Затоа одлучил да се соблече, но и да им стави на сите до знаење дека не го поддржува возењето на крузерите во неговиот град.

Оваа фотографија ја објавила неговата сопруга, а набрзо потоа е избришана од социјалните мрежи.

 

 

Scroll to Top