(ФОТО) Железничка компанија која сите ја мразат, го вработи Еди – Повеќе не ја мразат

Нешто слично како и нашите Македонски железници, компанијата „Southern Rail“ не е баш најпопуларна меѓу патниците и многумина се жалат поради доцнењето на возовите, укинувањето на линиите, и општо неквалитетните услуги.

Тоа се промени откако одлучиле да го вработат 15 годишниот ученик Еди, како главен администратор на нивниот Твитер профил.

Симпатичното момче со својата љубезност и труд, многу брзо ги освои срцата на нивните патници и им понуди да со помош на хаштаг #askeddie да го прашаат се што ги интересира. Многу прашања немаат никаква врска со возовите и нивната компанија, но Еди, секој пат се труди да им одговори на симпатичен и интересен начин.

Вработувањето на Еди беше најдобрата деловна одлука која железничката компанија можеше да го направи. Можеби вакво нешто треба да се предложи и во МЖ?

Scroll to Top