(Фото) Жешкиот асфалт му ја проголтал ногата

Во Њукасл во Велс едно момче можело да настрада, откако неговата нога потонала во длабокиот асфалт, кој почнал да се топи од премногу жешкото време.

24 годишното момче за време на паузата за ручек, згазнал на мекиот дел од патот, кој автоматски му ја „проголтал“ ногата.

За да го ослободат, противпожарните служби морале да разбијат голем дел од патот.

„Можел да се испаничи и да го скрши зглобот. За среќа бил смрен и ја почекал помошта. Стигнавме неколку минути по повикот. Ископавме дел од асфалтот и лесно му ја извадивме ногата, која му беше длабоко заробена во бетонот“, изјавиле спасувачките служби.

Спасувачките служби ги предупредиле граѓаните да водат сметка за тоа како се движат во овие жешки денови.

Scroll to Top