Папата Франциско го спореди патувањето на Марија и Јосиф во Витлеем со милионите илегални доселеници што пристигнуваат во Европа.
За време на христијанската божикна миса папата изрази надеж дека никој нема да се чувствува оти за него нема да има место на овој свет.
Констатирајќи дека Марија и Јосиф стигнале во земјата во која немало место за нив, папата Франциско повлекол паралела со современото време.
„Многу други чекори се скриени во стапките на Јосиф и Марија“, изјави тој во своето соопштение.
„Гледаме траги од цели семејства што се принудени да тргнат во светот. Гледаме траги од милиони лица што не се решиле да си заминат, туку се протерани од својата земја оставајќи ги своите сакани.
„Во многу случаи тоа заминување е полно со надеж, надеж за иднина, но за многумина тоа заминување во светот може да има само едно име: опстанок“, изјави папата.
Повикувајќи се на кралот Јудеја, кој е опишан како тиранин во Новиот завет, Франциско продолжил да зборува за тоа дека некои мигранти го преживеале Херодот на денешницата, кој ја наметнал својата моќ и го зголемил своето богатство и не видел проблем во пролевањето крв на недолжните.
Папата Франциско ја нагласил грижата за економските мигранти, воените бегалци и другите што живеат на маргините на општеството, пишува „Брејтбарт“.
Тој дополни дека Господ е присутен во недобродојдените посетители, кои често се непрепознатливи, кои одат по нашите градови и нашето соседство, кои патуваат со нашите автобуси и чукаат на вратите.
Таа перцепција на Господ треба да се развие во нови облици на односи, во кои никој не мора да се чувствува дека за него нема место на оваа земја, изјави тој.
„Божик е време за вртење грб на стравот и собирање сила за љубовта“, изјави папата Франциско.
Денешните бегалци бегаат од своите домови исто како Јосиф и Марија пред Христовото раѓање, изјави папата Франциско во неделата за време на мисата на бадниковата вечер во базилката „Свети Петар“, пренесуваат агенциите.
Папата на својот петти Божик во својство на челник на заедница од речиси 1,2 милијарда католици во светот во базилката „Свети Петар“ предводеше миса за 10.000 луѓе, а уште голем број го следеа на плоштадот пред црквата.
„Толку чекори се скриени во стапките на Јосиф и Марија. Гледаме траги од цели семејства принудени да заминат на денешниот ден“, изјави папата во беседата.
„Во многу случаи заминувањето е исполнето со надеж, надеж за иднината, но за многу други тоа заминување може да има само едно име – преживување“, додаде папата.
И пастирите за кои Библијата вели дека први го виделе детето Исус, биле принудени да живеат на маргините на општеството и биле сметани за валкани и смрдливи странци, додаде тој.
„Сè во врска со нив предизвикувало недоверба. Тие биле мажи и жени што требало да се држат настрана, од кои требало да се плашите“.
Папата по традиција во црквата „Свети Петар“ влегол пред 21.30 часот држејќи сребрен стап со крст и предводејќи ги кардиналите.
Пред мисата папата ја подигнал прекривката што го прекривала ликот на Исус Христос, а единаесетте деца од Европа, Азија, Африка и од Јужна Америка положиле цвеќе кај олтарот. На крајот на службата папата ја подигнал куклата на Исус.